Споредлувајќи го списокот на земји кои добија дел од 530 милионите евра помош кои ЕУ ги сподели со земјите од Европа, Богдан Илиевски коментира дека и Германија побарала и добила помош во борбата против коронавирусот.
Еееееееееееј!
Една Германија добива помош, а онаа наша несреќа излегува и ладно вика дека домаќински сме работеле и сме потрошиле 4 пати помалку од потребното за да добиеме помош, па затоа не сме ни аплицирале.
Или е коске луд или е на сериозни дроги. Што и да е, отидена е работава скроз, пишува Илиевски.
Претходно од Секретаријатот за европски прашања, со кој раководи вицепремиерот Никола Димитров, соопштија дека поради квалитетното и навремено менаџирање на државните финансии во здравствениот сектор, како и поради брзата и ефикасна организација на државните институции кога беше обезбедена голема количина на донации во борбата со Ковид-19 (заштитни средства, маски, медицинска опрема, респиратори итн) кои не предизвикаа дополнителни расходи за овие потреби, минимумот кој беше проектиран од страна на ЕУ за користење средства од Фондот за солидарност не беше постигнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.