Единствено се способни да се неспособни, коментира на Фејсбук Богдан Илиевски.
Не бе, мислев дека е невозможно да се толку неспособни – но единствено се способни да се неспособни.
ЗНАЧИ: Србија не е во ЕУ, започнува со вакцинација за 4-5 дена. Пола планета не е во ЕУ, започнуваат со вакцинации деновиве. Членство во ЕУ не е изговор за навремена набавка на вакцини!
Но, нашите дибидуси не успеаа НИ ВАКЦИНА ДА КУПАТ НА ВРЕМЕ. Па сега министерот бил во Бугарија каде „обезбедил“ како што ќе стигаат вакцини во Бугарија, да праќаат дел и кај нас.
Односно Владата на РМ со сопствената неспособност обезбеди и наредни 20 години да ги слушаме оние тумруци и антимакедонци како Какакачанов и Захариева да зборат како „од свои вакцини делеле за наше здравје“.
И ова е само и само поради што нашите владини дибидуси се неспособни, најнеспособни, суперхипермеганајнајнеспособни. Во речник покрај неспособност има слика од нашата влада. Покрај нашата влада и афричко племе се осеќа како раководство на швајцарска банка.
Мислам дека намерно да се трудеа да се толку неспособни, силно да се бореа да се најнеспособните луѓе во универзумот, пак немаше да успеат да ги достигнат овие граници. Ова е врвот на неспособноста. Олимпот на неспособноста. Крајот на краевите на неспособноста. Вселена полна неспособност, бескрајно ширење на истата, собрана во нашата влада, пишува Илиевски на Фејсбук.
Не бе, мислев дека е невозможно да се толку неспособни – но единствено се способни да се неспособни.
ЗНАЧИ: Србија не…
Posted by Богдан Илиевски on Tuesday, 22 December 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.