Богдан Илиевски на својот фејсбук профил за најновите случувања во СЈО напиша:
Добро утро, нова епизода на Грдата Вистина:
1. СЈО беше формирано затоа што ОЈО не им чинеше.
2. СЈО беше формирано со кадри од ОЈО.
3. СЈО се прогласуваше за надлежно за предмети од ОЈО, бидејќи… ОЈО, нели, не чинеше (не постапувале, не биле темелни, итн. Иако не увезовме обвинители, туку од ОЈО отидоа во СЈО)
4. СЈО имаше ексклузива на преземање предмети од ОЈО (Пуч, Монструм, Маџар телеком итн) , а ОЈО не смееше да припари до предмет на СЈО бидејќи… „ОЈО не чинеше, а СЈО беше добро“.
5. Катица од притвор сите предмети од СЈО ги даде на ОЈО.
Во кое и тогаш, и сега, како и во СЈО, се „истите луѓе“. А во кој пак притвор Катица се наоѓа поради сомнеж за злоупотреба на службената позиција – односно „поради истото што го стори вчера“Членот на кој сега се повикуваат, според кој Јанева можела да предаде предмети на Јовевски и Вилма, е направен ТОКМУ ПОРАДИ ТОА да не може „лошото ОЈО да се прогласи за надлежно за предмет на СЈО“ и дека единствен начин предмет од СЈО да оди во ОЈО е со согласност од Специјалката. Под услов да не е во притвор. Ама сега, да не цепидлачиме.
Тоа беше брзата утринска грда вистина. Благодарам на вниманието. Се враќаме на рекламите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.