Богдан Илиевски на својот фејсбук профил потсети дека изминаа две години од почетокот на судскиот процес за 27 април.
28-ми ноември. Две години од почетокот најбезумниот процес во македонското правосудство. Две години од почетокот на обвинителстко-судското лудило. Две години од почетокот на режијата на срамната лакрдија. Допрва треба да се открие дали процесот за тероризам! беше смислен за да заврши со промената на името. Дали беше креиран за да се изрекетира гласање. Дали беше оформен за да се уплаши народ и да се промовира сила.
Две години од почетокот на голготата. За некои од нас заврши. За многумина со кои не се ни познававме, но станавме браќа на овој ден пред две години, а сега се осудени за тероризам по затворите, допрва треба да дојде правдата. И ќе дојде.
Да живее Македонија!, напиша Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.