Богдан Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија читајќи статус на аналитичарот Ненад Јовановиќ жесток поддржувач на Зоран Заев и владата на СДСМ, кој го објавил во јуни 2020 година во кој директно го обвинува Илиевски дека земал 200.000 евра и наводно сакал да ја наштелува толпата да убива, го праша дали може да го повтори она што го пишал уште еднаш во емисијата.

Сведокот Нинџа вели пред обвинителството дека Тиранскиот платформа е измислица. Се тогаш се мисли на крвавиот четврток 27ми април е комплетна конструкција која требало: Бетмен, Дурловски и Дамовски прво да искешираат 200.000 евра а потоа и да убијат. Поточно идејата е да ја наштелуваат толпата за да убие, а потоа во ладовина со томпоси во устите да поделат по 200.000 евра. Толку беше и таква беше љубовта на патриотите по службена должност за Македонија. Багра коштаплерска, цитира Илиевски фејсбук статус од Јовановиќ“, прашувајќи го дали може да одговори дали се уште стои на истото.
Моето прашање е следно дали ти стои на ова што го кажа? –праша Илиевски.

На одговорот од Јовановиќ дека да стои на напишаниот статус, Илиевски рече:

Дали би сакал да ми повториш дека сум земал пари и сме имала намера да убиваме.

На ова Јовановиќ се обиде да се оправда дека статусот е изваден од контекст.

Дали си спремен да останеш на пишаното дека ние сме требале да поделиме 200.000 евра или ќе се повлечеш и од ова, праша Илиевски.

На тоа Јовановиќ одговори:

Може сумата горе доле, немам поима ама така го прочитав во тоа време.

На што Илиевски му порача:

Јас одлучив конечно да земам пари за тие протести кога го прочитав ова. И сега моето прашање е дали ќе си кукавица и ќе се повлечеш од ова или ќе го повториш истото па здравје боже ќе се видиме на суд и парите кои што јас ќе ги земам и ќе ги поделам со тие луѓе за кој ти кажа дека мене не ми се важни и ете ќе имаш чести и доблест да им помогнеш бидејќи си загрижен за нив. Имаш два избора кукавица или на суд, вели Илиевски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.