Богдан Илиевски или познат како Бетмен, се огласи на социјалните мрежи во врска со видеото снимено во домот на Боки 13, каде во присуство на веќе осудениот за случајот „Рекет“ присутни се Радмила Шекеринска и Катица Јанева која исто така доби затворска казна за истиот случај.

Тој пишува дека „прозваната“ не демантира дека се наоѓа во просторијата, од причина што, како што вели Илиевски, разбирливо, веројатно се надева дека и ова ќе пројде за три дена и дека ќе се случи чудо на 15-ти, па ќе се забошоти.

Илиевски постави прашања до, како што вели, искрените борци за правда:

Ако заменичката-претседател на Влада била на средба со специјалната (додека она, очигледно, се уште е на функција).. Ако специјалката е осудена за злоупотреба на службената должност (односно покренување обвиненија не со правна, туку со финансиска цел) и… Ако домаќинот решил да обезбеди тајни снимки од оваа средба (веројатно како гаранција за себе)…Не ви создава така, малку нелагодност во желудник, дека можеби политичката координација на власта со специјалката, со цел злоупотреба на СЈО во функција на СДСМ се одвивала баш на вакви средби? М? Или се е океј, има мир?, прашува Илиевски.

Прозваната не демантираше дека се наоѓа во просторијата. Разбирливо, веројатно се надева дека и ова ќе пројде за три…

Gepostet von Богдан Илиевски am Mittwoch, 8. Juli 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.