Дали судијата-поротник не го знае законот или свесно прави кривично дело, прашува Богдан Илиевски во случајот со Митко Сандев чие одење во пензија се одложува, како што обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, поради случаите кои се водат против партијата.
Судијата-поротник Митко Сандев кој наполнил 60 години на крајот на мај годинава и согласно законот за судови МОРА да оди во пензија, вчера во одговор за редакцијата на Инфомакс изјавил дека „немал 64, туку 60 години“, иако во законот за судови децидно стои дека судија се пензионира на 64, а судија поротник на 60 години.
Потврда на оваа законитот има и од Уставниот суд кој на претставка на г-дин Стамен Филипов токму на различните години на пензионирање на судии и судии поротници, зазеде став дека законот е дециден и треба да се почитува таков каков што е.
„3. Судот на седницата утврди дека согласно член 48 став 1 од Законот за судовите, за судија-поротник може да биде избран полнолетен државјанин на Република Македонија со завршено најмалку средно образование, кој активно го владее македонскиот јазик, ужива углед за вршење на оваа функција и кој не е постар од 60 години.
Согласно член 80 став 1 точка 5 од Законот за судовите, на судијата-поротник му престанува функцијата со навршување на 60 години старост.“
Ако судијата-поротник и неговиот надлежен претседател на Суд не го знаат законот е една трагедија, а ако свесно одлучуваат да го прекршат е друга трагедија, пишува Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.