Мерките од петтиот пакет се изгласаа со 115 гласа ЗА. Како што и најавија од опозицијата. Се потврди дека се друго околу пакетот мерки, сите падавичарења на власта, беа болни ефтина претстава за народ, божем некој ќе им поверува…, реагира Богдан Илиевски.
Наспроти тоа, се поставуваат прашањата:
ЧУМУ циркузот со скафандерите, кога кворумот беше најавен и обезбеден?
ЧУМУ кршењето на законите, чуму лудачката слика денес во Собрание?
ЧУМУ праќањето порака дека законите важат за сите, освен за насилниците од власта?
Што имаше во законите од 32-рата седница во кои мораше да се гласа милум-или-силум во скафандери, противзаконски, кршејќи закони и процедури? Бидејќи пакет мерки за помош на погодените од ковид-кризата на 32-рата седница – немаше.
И главното прашање: го гледате ли бре луѓе, го гледате ли овој циркуз, овој бувљак, оваа резилијада во која е претворен нашиот Законодавен дом, Парламентот кој сите нас не претставува, сите овие неколку години откако овие квази-демократи „дојдоа на смена“ да ја водат државата?
Нема ни срам ни арам, има само една глупава теза: „народот на избори ќе кажел што мисли“. Ајде бе? Па зошто има институции? Зошто има закони? Тогаш ајде сите во анархија да влеземе, па на избори да броиме што мислел народот за тоа?
И се пос*афте на државата. Криминалци белосветски. Вие не сте власт, вие сте БАШИБОЗУК. Тивок, со сведната глава, упикан во фотелјата кој чека да изврши наредба, но сепак – БАШИБОЗУК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.