Не знам што звучи полошо во моменталниот контекст: „одмор во Дубаи“ или „продолжен викенд во Дубаи“?
Но, она што е поинтересно е дека ако навистина користел продолжен викенд, значи и дека големата акција со путерот (сабота вечер) ја координирал од тајната локација (Дубаи?) 🙂
Односно дека не заминал (во Дубаи?) од Македонија за да се одмори од ловењето путер, туку дека и од далечина (во Дубаи?) на илјадници километри од дома, успеал да го улови путерот (од среде Дубаи?).
Секоја чест, велам. Тоа е способност (на ниво на Дубаи?).
Штета ако го прекинал одморот откако бил пронајден (во Дубаи?), па сега неодморен ќе продолжи да брои чаши со вода (во Владата) 🙁, пишува на Фејсбук, Богдан Илиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.