Ако има претумбации пред и за време на собрансиката седница утре, повеќе верувам дека ќе бидат во насока да се приклучат на иницијативата за недоверба на Владата, отколку обратно, рече аналитичарот Богдан Илиески на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата Само вистина.
Укажа и на моментот на однесувањето на премиерот Зоран Заев, односно, како што Илиески оцени, лажењето.
„Заев најави оставка, па се премисли. Луѓето гласаа за СДСМ зошто ветуваа едно, но за мандатот не направија ништо и многу е јасно кој победи на локалните избори“, рече Илиески.
Појасни дека станува збор за потписи на иницијатива за гласање на недоверба на владата, а не е коалиција.
„Целта е да се смени овој начин на владеење на Заев, да се смени оваа гарнитура која лаже и која е олицетворение на корупција и криминал“, укажа Илиески.
Според него, причина за собирање на овие потписи за иницијативата е јасна, тоа се луѓе кои се против корупција и криминал, а не станува збор за анти НАТО и анти ЕУ влада или луѓе кои се против евроатлантските интеграции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.