Со транспаренти „стани Гоце те предадоа“, „Гоце е црвената линија“, „или Гоце или Заев“, „Гоце не го даваме“ илјадници демонстранти излегоа на улиците во главниот град на најавениот антивладин протест “За ЕУ, за Македонија, за Гоце Делчев”.

Протестот започна пред зградата на Министерството за правда, а преку мостот „Гоце Делчев“, треба да заврши пред Министерството за надворешни работи.

Набрзо откако демонстрантите го извадија транспарентот пред Министерството за правда дојде и Христијан Мицкоски со другите партиски функционери.

Протестот доаѓа во период кога се очекува рестартирање на експертските комисии со Грција и Бугарија кои се формирани согласно Преспанскиот и Договорот за добрососедство, нешто што го најавија од кабинетот на новиот министер за надворешни работи, Бујар Османи.

Работата на комсиите досега беше во застој поради ковид-кризата и предвремените парламентарни избори, а едно од прашањата околу кои претходно се судрија македонските и бугарските историчари беше токму Гоце Делчев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.