На својот фејсбук профил, Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев објави видео и текст за скандалот со канабис.
Скандалот со “канабис милионите на Заев” открива дека од производството на канабис криминално-рекетарската банда направила нова рекет машинерија.
Скандалот покажува дека лица и фирми блиски на Заев и власта се оние кои добивале лиценци за марихуана, но и она што е идникативно е тоа што постои огомен сомнеж дека дел од компаниите не ги исполнуваат законските услови.
Јавна тајна е дека контролата од државата во последните три години на голем дел од плантажите ја нема, а кога нема контрола има црн бизнис, и многу милиони.
Ова видео ја покажува алчноста на Заеви по пари, и зошто Заев ја третира државата како приватна фирма за богатење. И кога некој ќе праша зошто, одговорот е “за пусти пари го предаде својот народ, заради власт”!, пишува Јанушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.