Пратениците со 61 глас „за“ и без ниеден против или воздржан ги изгласаа Иџет Мемети и Љупчо Ивановски за нови членови на Советот на јавни обвинители. Исто така со 61 глас „за“, без против и без воздржани ја избраа Павлина Црвенковска за член на Судски совет.
Мемети во два мандата од по 8 години беше народен правобранител, а Собранието уште нема избрано негов наследник.
Според информациите од таму, огласот за избор на нов Народен правобанител е завршен и сега кандидатите треба да бидат изгласани на Комисијата за избори и именувања, а потоа како предлози да бидат доставени до Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.