Ќе се кандидирам за претседател на државата за да можеме ние Ромите да се преброиме“, рече претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите Самка Ибаримовски. „Амди Бајрам кој ја најави својата кандидатури мене не може да ми биде конкурент, бидејќи не е веќе Коа-Кола. туку дестилиран вода, неговото време помина, рече Ибраимовски.
Сепак како што најави Ибраимовски прво партијата ќе ги причека резултатите од аналитичкиот центар Рома Аналитико, па потоа и конечно ќе се изјасни дали ќе учествуваат во трката за шеф на државата. Но најверојалтно тој ќе биде кандидатот за претседател на државата.
Сакам да се кандидирам бидејќи имам богата политичка кариера, два мандати бев пратеник, бев и заменик министер, министер, член на Советот на Европа на Ромскиот форум, член на КАХРОМ, дирекитор на азил центарот на Р.М., рече Ибраимовски.
Ибрамовски ваквата информација ја најави на прес конференцијата која ја организираше на тема попис.
Јас како пратеник нема да поддржам ваков закон во кој што граќаните нема да може да ја искажат својата ентичка припадност. Се надевам дека овој чекор ќе го следат и останатите колеги пратеници од другите етнички заедници.
Според ПЦЕР попис без етничка и верска припадност го доведува во прашање мултиетничкиот карактер на Македонија кој е белег низ историјта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.