Ново парламентарно мнозинство без ДУИ и СДСМ до крајот на годината, најавува Зеќирија Ибрахими од коалицијата Алтернатива-Алијанса за Албанците.
Ибраими во Дебатната емисија на ТВ Шења истакна дека бројките на локалните избори ја разнишаа владејачката коалиција. Според него, некои партии кои учествуваат во коалицијата се веќе подготвени да се префрлат на другата страна.
Во власта во која ќе бидеме ние со ВМРО-ДПМНЕ и другите помали партии, нема место за ДУИ. Таму веќе се зборува за внатрешни поделби, ако некој пратеник замине, ќе премине на оваа страна. Не знаеме како ќе биде таа работа, но како партија, ДУИ во декември нема да биде во Владата. Затоа, ние се подготвуваме за ново парламентарно мнозинство, за нова влада, за која сум сигурен дека ќе донесе добро за сите граѓани, во овој случај за граѓаните на нашиот Чаир – вели Ибраими.
И покрај подготовката на новото парламентарно мнозинство, Ибрахими вели дека коалицијата Алтернатива-Алијанса за Албанците исто така ќе биде и дел од локалната власт во Град Скопје, дури и со некои големи дирекции кои спаѓаат под градот. За ова веќе има договор со идната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска.
Се договоривме со неа некои од претпријатијата што ги води Град Скопје да бидат управувани од експоненти на нашата коалиција во Скопје, и ова директно им помага и на граѓаните на Чаир во овој случај. Или „Водовод и канализација“, или „Комунална хигиена“ или „Паркови и зеленило“, или ЈСП. Најмалку две од овие треба да ѝ припаднат на коалицијата. Ова се доволни ресурси за да можеме ние да ги решиме многу од проблемите на нашите граѓани. Независно од тоа што се случува на генерален план во државата, ние како коалиција ќе бидеме дел од локалната власт на Град Скопје – вели Ибраими .
Секретарот за односи со јавноста на Алетрнатива, Ибраими, исто така, зборува и за математиките на политичките партии за вториот круг од локалните избори. Конкретно за Тетово, тој вели дека гласачите на Алтернатива се слободни да гласаат според нивното убедување и дека засега нема заедничка одлука во коалицијата за поддршка на кој било од кандидатите.
Ниту една партија ги нема гласачи во кошница па ќе оди и ќе му ги даде на другиот кандидат. Дури ми изгледа навредливо да кажеме дека нашите гласови ги даваме на едните или на другите. Дотолку повеќе што ако некој што не живее во таа општина зборува во име на луѓето што живеат таму. До денес додека зборуваме, нема официјален став на нашата коалиција за тоа кого ќе поддржиме во вториот круг. Ова важи за сите општини, не само за Општина Тетово. Досегашниот став е дека ние не можеме да заземеме страна и да им кажеме на гласачите да одат тука или таму. Тие се слободни да ја изразат својата волја по свое убедување, по својата проценка и според она што сметаат дека треба да се направи во нивната општина – вели Ибраими.
Тој објаснува дека во тек е поголема мобилизација за пресврт на резултатот во Чаир во вториот круг од локалните избори на 31 октомври.
Овие и повеќе прашања беа разгледани во Дебатната емисија на телевизијата Шења, која се емитува вечерва во 20:40 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.