Зекирија Ибраими од Алтернатива гостуваше синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21. Тој посочи дека ќе се изненадиме и додаде дека во понеделник ќе се објави ново владино мнозинство.
Тој истакна дека во рацете на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е формирањето на ново мнозинство, а од нив има и поддршка.
Тоа е во рацете на Мицкоски. Негова обврска е да формира ново мнозинство. Од нас има поддршка, истакна Ибраими.
Тој вели дека веќе се разговара за „поделба на колачот“ за јавните претпријатија во рамките на Град Скопје, и тоа Алтернатива го сака Паркови и зеленила и Комунална хигиена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.