По повод годишнината од смртта на големиот Блаже Конески премиерот Заев се обрати на Фејсбук говорејќи за неговата големина и значењето за македонскиот идентитет, за македонската национална култура, за македонскиот јазик го прават не само втемелен факт во историјата, туку и жив двигател на нашата сегашност во разни области – во науката за јазикот, во уметноста и силата на зборот, во моќта да го закрепнува нашето духовно самочувство кога ни остави завет да го чуваме јазикот, зашто јазикот е нашата татковина.

Денес, македонскиот јазик е дел од светската енциклопедија јазици и никој не може да ја негира неговата автентичност. Жив јазик на македонскиот народ со свој изворен правопис, граматика, речник, и своја континуирана и развојна историја-напиша Заев.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.