И покрај лутината од неоправданата блокада на Бугарија за преговори со ЕУ, сепак ваквиот говор на омраза, полн со мизогинија и сексизам, насочен кон жени политичарки од Грција и Бугарија, треба да се осуди од Министерот за надворешни работи и од вицепремиерот за евроинтеграции, вели пратеникот Антонио Милошоски за твитот од новинарот Зоран Ивановски.

Без разлика што говорот на омраза доаѓа од личност која е дел од тимот за медиумски настапи на владеачката партија и близок човек на премиерот, додава Милошоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.