Зоран Петров од ДС е именуван за национален координатор за имплементација на национална платформа за намалување ризици од несреќи и катастрофи
Уште еден национален координатор назначи владата на денешната седница, на која беше официјализирана и одлуката за прогласување кризна состојба на целата територија на државата.
Владата на денешната седница, во делокругот на кадровски прашања, го именуваше Зоран Петров за национален координатор за имплементација на национална платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи.
Петров е кадар на Демократскиот сојуз и некогашен заменик-министер за надворешни работи.
Во претходниот владин кабинет, национален координатор за оваа проблематика беше Павле Трајанов, претседателот на Демократскиот сојуз, кој сега е повторно пратеник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.