Зоран Милевски – Кичеец, еден од осомничените во случајот „Рекет“, попладневно со одобрение од судот, бил пренесен во една приватна болница на преглед. По прегледот, тој повторно бил вратен во притворското одделение во „Шутка“, потврдија од затворот.

Според информациите на „Вечер“, по барање на Кичеец, наместо во државна болница, тој би прегледан во болницата „Жан Митрев“, каде наводно требало да изврши колоноскопија, постапка која ќе трае дури три дена, но засега е вратен во притвор.

Кичеец самиот ги платил трошоците за прегледот и за трансферот, бидејќи доколку притвореникот или затвореникот инсистира на преглед во приватна клиника, а му следува бесплатен преглед на државната клиника, самиот ги сноси сите трошоци.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.