И Унгарија ја потврди одлуката на Шведскиот врховен суд дека упадот во Собранието на 27 април не е тероризам, а осомничените за овој случај, всушност се жртви на политички прогон.
Земјата нема да го екстрадира поранешниот премиер Никола Груевски ниту за настаните од 27 април, потврдуваат од Министерството за правда.
Примено е известување дека Врховниот регионален суд донел конечна одлука дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на Никола Груевски, бидејќи на негово барање одобрен му е азил во Унгарија. Во согласност со актот бр. 38 за меѓународна правна помош во кривични предмети, лице на кое му е дадено азил нема да се екстрадира во државата од која избегало, велат од Правда.
Унгарија одби екстрадиција на Груевски по барањето за издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“ на СЈО, во којшто беше осуден за
противзаконско влијание за набавка на „мерцедесот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.