Како го шитнавте ИМЕТО, така ќе го вратиме, напиша еднаш лидерот на Левицта, Димче Апасиев. Сѐ тече, сѐ се менува… ПА се смени и навидум цврстиот став и големото ветување на апасиев. Двајцата пратеници на Левица, Апасиев и Борислав Крмов, се потпишаа на Предлог-законот за измена на Изборниот законик, каде нашата држава се нарекува „Cеверна Македонија“. Овојпат на Апасиев не му пречеше што државата е посочена како Cеверна Македонија.

Апасиев во октомври минатата година велеше:

Две години од НЕУСПЕШНИОТ референдум каде еден мал и мирољубив народ на Балканот го покажа своето достоинство и гордо одби да се самоукине!

Пред две години, Македонија застана на правилната страна на историјата.

Преку организиран МАСОВЕН БОЈКОТ на илегалниот референдум, покажа сплотеност во Отпорот спрема империјализмот спроведен од корумпираните домашни и странски бирократи и го одбрани АСНОМскиот карактер на Републиката.

Дали Апасиев и Крмов, двајцата народни избраници од Левицата го признаваат името Cеверна Македонија? Се повлече ли Апасиев од ветувањето дека името ќе го врати? Дали пратеникот е голем на зборови, но мал на дела?!

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.