Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб го потпиша Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, со што досега 24 земји-членки го завршија процесот на ратификација, откако денеска претходно тоа го стори и италијанскиот Сенат.
Раб на неговиот прфил на „Твитер“ објави дека го ставил потпис на Протоколот.
Со големо задоволство денеска го потпишав Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО заедно со амбасадорката А. Миовска. Со нетрпение очекувам Македонија да пристапи кон семејството на НАТО и да присустува на состанокот на лидерите на НАТО во Лондон и да помогне во промоција на меѓународниот мир и безбедност, напиша тој.
I’m delighted to sign North Macedonia’s @NATO Accession Protocol today with Ambassador @a_miovska. I look forward to 🇲🇰 joining the NATO family and attending the NATO Leaders’ Meeting in London to help promote international peace and security. #WeAreNATO #NATOLondon pic.twitter.com/B198Il7wxD
— Dominic Raab (@DominicRaab) October 16, 2019
Претходно денеска Протоколот беше ратификуван и во италијанскиот Сенат. Протоколот помина во Долниот дом на Парламентот, но ратификацијата во Сенатот се оддолжи поради политичката криза, која се реши со формирањето нова Влада на Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.