Францускиот претседател Емануел Макрон и вечерва е со непроменет став во однос на почнување на преговорите за влез во ЕУ на Македонија и Албанија. Како што пренесува репортерката на албанската телевизија „Клан“,  Ериса Зика од Брисел, таа добила потврда дека Макрон не го променил ставот за проширување.

Со лоши прогнози за тоа што ќе се случува на Самитот по прашањето за Македонија претходно денеска излегоа и германската канцеларка Ангела Меркел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјeн и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Туск предмалку побара пауза на опсежната дискусија меѓу лидерите за проширувањето, надевајќи се на договор за надминување на француското опирање на почетокот на преговори за двете балкански нации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.