Демократскиот сојуз смета дека Собранието треба да расправа и да усвои Резолуција за стратешките државни и национални интереси поврзани со евроинтеграциските процеси, се со цел да се упати јасна порака и до Европската унија, но и до соседните држави дека никој нема право да го оспорува нашиот македонски национален идентитет, неговиот историски континуитет, како и јазикот, кој е едно од клучните обележја на секој народ, се вели во соопштението од партијата.
Демократскиот сојуз инсистира на консензус при носење на Резолуција или Декларација на Собранието. За овие прашања потребен е и граѓански и политички консензус, а не тие да бидат причина за внатрешни поделби и собирање на дневно-политички поени. Очекуваме расправа во Парламентот и подобрување на текстот на предложената Резолуција, за таа да биде основа за сплотување, помирување и надминување на внатрешните поделби и конфликт, порачаа од партијата на Павле Трајанов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.