И Тетово е против дигитализацијата во образованието која сака да ја спроведе министерката за образование и наука Мила Царовска.
Тетовчани денеска масовно излегоа на протест поради најавата за дигитализација во образованието и укинување на учебниците.
Освен во Скопје каде се одржа главниот протест, денеска се протестираше и во повеќе градови низ земјата.
Дел од нив беа во Битола, Тетово, Прилеп, Кавадарци, Македонска Каменица, Куманово и Радовиш каде масовен број на родители и ученици излегоа поради незадоволството од оваа реформа на министерката Мила Царовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.