Поранешниот ракометен репрезентативец, денеска директор на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсоски преку „Фејсбук“ соопшти дека автобус за пречек од пред институцијата ќе тргне во 12:30 часот ќе тргне на аеродром, каде ќе бидат пречекани македонските фудбалери.

Но она што ѝ падна во очи на јавноста и на што реагираа граѓаните е тоа што Мојсоски напиша „нашата фудбалска репрезентација“.

Граѓаните го потсетија Мојсовски дека и тој кога со ракометната репрезентација го освои петтото место на Европското првенство во 2012 година исто така бил пречекан на скопкиот аеродром и на плоштадот Македонија. Актуелниот директор на АМС беше прашан и за која репрезентација и држава тој тогаш настапувал, ако сега не сака да напише „македонска“ во својата објава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.