Венко Филипче излезе на уште една прес-конференција и секако само за да каже дека има одложување на процесот на вакцинација, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот Филипче, кој најави дека масовната вакцинација би почнала во април.
Вакцините според Филипче стигнуваа во јануари, февруари, март, ама денес го слушаме министерот вели почеток на април, прва недела на април. Ова значи само едено граѓаните ќе почекаат за вакцини, реагира опозициската партија.
За волја на вистината, министерот за здравство Венко Филипче денеска рече дека до почетокот на следниот месец се очекува да профункцинира Ковакс системот преку којшто би стигнале околу 100.000 вакцини.
Во односна набавките на вакцините тоа што се очекува со оглед на промените кои настанува од информациите на добавувачите, ова може да биде нешто што временски може да се одоговлечи некое време, меѓутоа во следниот период до крајот на овој месец, почетокот на следниот очекуваме да профункцинира Ковакс системот, преку којшто би стигнале околу 100.000 вакцини, рече тој.
Додаде дека се разговара и со кинеските и руските претставници за вакцините, се чекаат нивните најави, иако како што рече, сеуште се нема конкретен датум.
Во тој временски период интензивно разговараме со кинеските и со руските претставници за овие вакцини. Ги чекаме и нивните најави, се уште го немаме точниот датум, но имаме пиричина да веруваме дека тоа ќе биде некаде до почетокот во првата недела на април, со што би започнала практично масовната вакцинација за што системот е целосно спремен. Продолжуваат разговорите со Компанијата Фајзер во делот на тие дополнителни прашања коишто практично секојденовно ги имаат, рече Филипче.
Филипче посочи дека според последните информации, компанијата Фајзер го подигала нивото на внимателност во однос на сите земји со кои што сега преговара, и веројатно ќе бара некои построги критериуми.
Ние денеска ќе го добиеме тој документ така најавија, во однос на тоа што точно ќе се бара и ќе ја известиме јавноста но сакам да кажам дека јасно ни беше кажано дека овие мерки на внимателност важат за буквално сите земји во светот и веројатно тоа е една од причините зошто толку се чека на деталите за овој договор, рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.