Шестнаесеткракото сонце, Сонцето од Кутлеш или Сонцето од Вергина, кое Македонија мора да го струга и брише дури и од шахтите, согласно Договорот од Преспа, кај источниот сосед се рекламира како богатство од Бугарија.

Ова може да се види од најавата на БТВ за документарниот филм насловен како „Богатствата на Бугарија“, што треба да се емитува в сабота.

Во краткиот видео-клип може да се види изрезбано шестнаесеткракото сонце или Сонцето од Вергина најверојатно на таванот на некој од бугарските манастири.

Очигледно, еден од симболите на светското културно наследство за Бугарија не претставува атак врз елинската античка култура, што не важи и за Македонија.

Извор: Пресинг.тв



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.