Доаѓа денот, еве го. Стани, изми го лицето и облечи чиста облека, да се види убавото од тебе и на тебе. Ова е твој ден. Ден што ќе ти смени се од утре па натаму. Ден после кој нема да чувствуваш срам, кривица и да бидеш губитник за потсмев и сожалување.

Ова е твој ден, биди свој човек, и испери го срамот од себе. Биди чист и горд.

Испери го срамот дека си крив затоа што си ја продал сопствената нација, си го продал сето што си го наследил, си се откажал од јазикот кој го говориш, си подржувал корупција, богатење на една Фамилија која те лаже и јавно те пцуе, местења судии и судења, си подржувал корумпирани обвинители, нарко дилери и убиства кои полицијата ги крие, наркомани во собранието, крадење од парите за болници и лекови сред епидемија, дека си крив затоа што живееме во гето и не смееме мирно да шетаме меѓу албанските населби, крив што децата ги лечиме со хуманитарна помош а на министерот тендерашите му градат куќа…

Не си дел од нив? Да, не си, и затоа те пцујат, крадат, газат и те продаваат како бело робје. Не си дел од нив, но дел си од нивната позиција да бидат на власт. Ако не се власт ништо од ова не би можеле да направат. Затоа, покажи им дали си дел од нив, дали ќе им дадеш право да продолжат со ова. И со многу што друго.

Ти им требаш само за гласање. За друго не те сметаат за човек, туку за бројка на избирачкиот список која постои само додека се гласа. Пред и потоа, ти си никој и ништо за нив. Дали си никој и ништо?!

Погледни ги нивните слики по портали, по Фејсбук, Твитер… каде си ти во нивна близина. Каде се луѓето кои им даваат власт? Службениците, таксистите, пензионерите, земјоделците, студентите, браварите, инжениерите, водоводџиите, лекарите, правниците, продавачките… Не! Нема таму никој од вас.

Оваа власт ја поплави јавноста со слики на кои премиер, министри, партиски шефови се сликаат со дилери од Грчец, Арачиново или Чаир. Со терористи од Диво Насеље се гушнати и насменани додека фамилиите вадат недела дена за своите убиени од полицијата. Се сликаат со меѓународни шефови на нарко мафии, со лажни принцови на Црна Гора и Македонија, со шверцери на цигари кои ги поставиле за градоначалници, со спонзоруши… се сликаат со слични на себе. Ти не си на тие слики. Ти за нив не постиоиш. За оваа власт ти си само бројка за избори.

Ти им даде право да ти ја урнат куќата, името, да ти ја растурат фамилијата, да те пцујат и навредуваат јавно… Ти, кој ги донесе на власт, си одговорен за сето ова пред себе, пред својата фамилија и сите твои познати кои заради твојот глас мораат сето ова да го трпат. Со години.

Еве ти шанса, еве го тој ден, испери го срамот и вината од себе. Не крадеше со нив, не тепаше со нив, не криеше убиства со нив, не местеше обвинители и судии заедно со нив, не се опиваше и гнетеше од државни пари со нив, не делеше со нив пари за лажни проекти, не избриша цела нација со нив, не делеа со тебе пари од рекети… Зошто би го делел нивниот срам и одговорност?

Покажи дека нивните дела не се твој избор. Дека не одобруваш минстереката за одбарана Шеќеринска на вечери кај Боки 13 да се среќава со шефицата на СЈО Катица Јанева и, со неа и Боки, таа да спремала Закон за јавно обвинителство! Никаде, и никогаш, особено не кај кримогени ликови, не смее да се сретне министер од извршна власт кој се пазари со обвинител. Но, тое не била нивна тема на разговор, видовме што Фамилијата од СДСМ, Боки и Катица договарале.

Те навредува ли кога те тераат да бидеш глуп? Кога те фрлаат во наркоза со пропаганда дека ако не се тие ќе сме имале режим! Па има ли поголем режим од нив: неуспешен референдум по кој избришаа нација, јазик и унитарност на држава. Местат судии, обвинители и пресуди. Секој тендер завршува во Фамилијата. Ги сменија сите главни уредници на влијателните телевизии. Договараат смени на судии со Судски совет. На судења кријат докази против нив. На своите љубовници татковците им ги поставуваат за директори на јавни претпријатија а мажите за шефови на медиуми. Ослободуваат затвореници за да им помогнат за избори. Држат народ во беда и сиромаштија за да купуваат гласови од очајниците.

Ова е само дел, кој е објавен. Колку е скриено?! И, што е ова ако не е режим!

Целата колумна тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.