Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро ги осудува сите облици на говор на омраза, антисемитизам и какво било друго директно или индиректно омаловажување или дискриминирање на поединци или групи. Апелираме на високо ниво на одговорност во јавните комуникации, се вели во реакцијата на социјалдемократите на статусот на Фејсбук на новинарот Бранко Тричковски.

Тричковски на Фејсбук напиша статус кој се однесуваше на министерката за труд и социјала Рашела Мизрахи: „Слушам дека Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи!“.

Антисемитскиот статус на Тричковски и неговите слични ексцеси ги осудија и Македонската асоцијација на новинари, како и многу луѓе на социјалните мрежи.

❗Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро ги осудува сите облици на говор на омраза, антисемитизам и какво било…

Gepostet von СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија am Donnerstag, 6. Februar 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.