Ништо не сме ние без граѓаните, затоа што граѓаните знаат сѐ. Во Скопје видовме што значи граѓанството. Скопје ќе си формира граѓански совет којшто ќе дава насока што бидува од крупните работи како Буџет, програми, ребаланс на буџетот. Потоа ќе се носат политички одлуки од страна на советот на општината, па градоначалникот ќе имплементира…

Попусто лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев му се додворува граѓанството, попусто вели дека ја научиле лекцијата. Впрочем, ова е трети пат како Зоран Заев ја учи лекцијата, како се фаќа за метлата, а на секое учење наместо подобро, станува полошо. Ароганција, надменост, неработење… Луѓето се незадоволни од работата на Владата, од работата на градоначалниците, а тоа го изразуваат секојдневно на објавите во кои ЗАев се фали и им ветува брда и долини.

Чуварите на иднината ти дадоа моќ да владееш, ти дадоа и метла да те предупредуваат, но ти наместо да бришеш некои “пелени” функционери од функција, ти ги избрише чуварите на иднината за во други земји

Касно ти текна Зоки, ги заборавивте старите членови, луѓето што те донесоа на власт и не само што ги заборавивте вие и вашите функционери не навредивте со вашето однесување кон нас.

Касно, заборавивте да берете гајле за народот. Каде бевте кога вашите во Прилеп барааа поткуп за вработување: Каде бевте кога вашите праќаа закани по живот? Зошто наместо народот штитевте криминалци?

Не одлучуваме ние ништо, ти правиш тебе како ти одговара. Народот не сакаше да се смени името на нашата Македонија! Народот многу работи кои ги направи не ги сакаше, ама ти правеше по своие. Размисли прво што збориш!

Народот не одлучи да се продава, немој да манипулираш. Ништ нема да те спааси.

Гајлето ваше е пред избори, а после е на народот. Скапотија до шија, оризот го истураат на асфалт. Препаратите огин и пламен, нафтата, зејтинот и триста чуда покачивте. Правда никаква за сиромаштијава. Ви дадовме можност, гласавме за ЕУ и НАТО. Еве сега ЕУ и НАТО нека гласаат за вас. Не срамете се да барате гласови. Ја изгубивте довербата на народот. После избори иста песна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.