И портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска застана во одбрана на Зоран Заев. Она што ја разликува од другите приврзаници на Заев е што таа не го брани лиферувајќи го партиското соопштение, туку има личен статус.
Проблемите и отворени прашања кога се решаваат со нив треба да се соочиш, да бараш начин, да се трудиш, да пробуваш, да постапуваш храбро и одговорно, а не да бегаш или пак да си свиркаш правејќи некои други “важни” работи колку да ти мине време…и така до пензија.
Години стоење во место, а кога ќе се поместевме тоа беше помрднување наназад.
НАТО и ЕУ како недостижен сон.
И сега кога тоа навистина се случува, во неверување или од недораснатост да се признае успехот, некои бараат скриени намери “цената” којашто требало да се плати.
НЕ! Нема скриени намери, а цената која се плаќа е само плукањето, наводната загриженост и заработка на политички поени од страна на тие кои 11 години ја држеа земјата во заложништво и на кои ниту една битка во која е пролеана македонска крв не им е важна!
Денес сме членка на НАТО!
Ќе бидеме и членка на ЕУ!
Зошто има одлучноста и лидерството❗️
Истрајност ❗
Храбри чекори❗️
Напредокот на државата после 25 години❗️
Поддршката од цел свет❗️
И него❗️
Македонската иднина е во Европската Унија, Македонците со својот македонски јазик чекорат напред кон Европа, кон просперитет и кон пријателство со сите соседи❗, пишува Кузеска на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.