Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбер Таравари, во гостување на емисијата „Што не е јасно“, истакна дека на следните локални избори за кои верува дека ќе бидат заедно со предвремени парламентарни избори, коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса, ќе понесат убедлива победа.

Исто така, посочи дека иако одредени функционери на ВМРО-ДПМНЕ на последните избори работеле во корист на СДСМ, сепак не им успеала стратегијата, а за пример го спомена градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Градоначалникот на Кавадарци, за изборите работеше за СДСМ, но во Кавадарци изгубија СДСМ. Одредени функционери на ВМРО-ДПМНЕ за да направат раздор во партијата работеа за СДСМ. Одредени поранешни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ работеа за СДСМ овие избори. Така што, минимумот на ВМРО-ДПМНЕ беше на овие избори, 320.000 гласови. Во СДСМ веќе има огромно незадоволство, внатре има тотално разочарување. И затоа, самите анкети ќе покажат, но и СДСМ самата ќе бара да има предвремени парламентарни избори, заедно со локалните. Ако не се случи некој раздор во ВМРО-ДПМНЕ, по сѐ изгледа дека нема, но ако се случи тоа би било единствена позиција кога СДСМ не би барала предвремени изброи. Јас гарантиран дека следните избори, коалицијата Алијанса-ВМРО-ДПМНЕ ќе победат убедливо. Три четвртини од општините ќе ги добие опозицискиот блок“, рече Таравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.