Министерката за труд и социјална политика, Јахода Шахпаска, вели дека состојбата епидемиолошката состојба во детските градинки е стабилна.
Министерката истакна дека градинките и натаму остануваат отворени, но дека се следи ситуацијата и ќе бидат преземени дополнителни мерки согласно тоа како таа ќе се развива.
Во градинките, согласно последниот неделен извештај, има нови 14 позитивни дечиња и 34 вработени. Состојбата во градинките е под контрола. Со денешна дата 15.500 деца се присутни во градинките и секоја седмица интересот на роителите за носење на децата во градинки се зголемува. Но, имајќи предвид дека по здравствените пототоколи во градинките смее да бидат згрижени 21.300 деца, се уште има места за згрижување – изјави министерката Шахпаска одговарјќи на новинарско прашање по посетата на Дневен центар за лица со попреченост во Берово.
Таа вели дека констатација на Министерството е дека градинките треба да останат отворени.
Шахпаска нагласува дека се слефи епидемиолошката состојба во државата, додавајќи дека врз основа на тоа како таа ќе се движи ќе бидат носени и соодветни мерки кои треба да го заштитат здравјето на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.