Комисијата за здравство будно ја следеше состојбата во регионот со коронавирусот и решивме да алармираме веднаш на почетокот за да се преземат мерки со цел да бидеме подготвени, затоа што короната ги изненади и побагатите земји, рече доктор Синиша Стојаноски, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.
Тој посочи и дека уште на почетокот било јасно дека ова не е само еден обичен грип, но така се пристапило.
Стратегијата беше таква што на почетокот се мислеше дека мал процент на лица ќе бидат со лесна клиничка слика. Но, за оние кои изгубија човечки животи, член на семејство, блиски не е така. Требаше да се оди со стратегијата Тестирај, тестирај, тестирај зошто асимптоматските носители или немаат клинилка слика или многу блага. Земјите како на пример Словенија одеше со таа стратегија и први прогласија крај на епидемијата, рече Стојаноски.
Со едно тестирање од 1.400 тестови, без скрининг, посочи Стојаноски, имаме пак висока бројка на новозаболени.
По 4 месеци од борба со оваа пандемија немаме масовен скриниг на медицинските лица, посочи Стојаноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.