Претседателот на Собранието, Талат Џафери, околу критиките на опозицијата дека цел месец нема седница бидејќи владеечкото мнозинство не може да обезбеди кворум, порача дека не е негова одговорност да обезбеди мнозинство туку пратениците треба да дојдат на работа.
Сите имаат обврска да дојдат, работата им е професионална и за тоа примаат плата, а друго се нивни калкулации – рече Џафери.
На прашањето дали размислува за јавни опомени, казни, Џафери рече дека според деловникот се казнува за три неоправдани доаѓања, но внимаваат и такви ситуации нема.
На прашањето дали има проблем во пратеничката група на ДУИ, бидејќи очигледно и од нивната група не доаѓаат пратеници, Џафери рече дека очекува да има разврска и во ДУИ и воопшто. Не може, според него, во недоглед да се оди така.
Ние добивме сте мандат од граѓаните, без оглед што сме од партиски листи. Граѓаните ќе ценат колку одговараат на довербата што им ја дале – рече Џафери.
Околу тоа дали има најави за излегувања или влегувања во некои други пратенички групи тој одговори потврдно, дека е известен од ЛДП и од Павле Трајанов дека ќе дејствуваат самостојно.
Според него, нема најава за нивно приклучување или формирање други групи бидејќи не гледа логика да излезат од една за да се приклучат на друга, а велат дека сакаат да дејствуваат самостојно. Тој негираше дека има такви најави и од ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.