Власта го приватизира процесот на евроинтеграции на Република Македонија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето интервју во емисијата Детектор на телевизија Сител. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ работи во насока Македонија да добие датум за преговори.

За лидерот на опозицијата, граѓаните на Република Македонија заслужуваат да добијат датум за преговори со Европската Унија бидејќи тие направиле многу во изминатите 28 години независност за тоа да се случи.

Јас не би го приватизирал процесот како што тоа го прави Зоран Заев или тие малкумина обожаватели кои што останаа околу него како што е министерот за надворешни работи кој што до таа мера го приватизира процесот за добивање на датум за отпочнување преговори што вели не не бива, коруптивни сме да заглавени сме во скандали, нема реформи, нема 500 евра просек плата, младите ни се селат, ни се празни државава, пензиите паѓаат, ништо не иде ама дајте ни датум зошто опозицијава е лоша и опозицијата практично се оние кои што се ретроградните. Се разбира дека ние како опозицијата работиме и не сме како нив. Работиме во насока да Македонија граѓаните, државата да добие датум за преговори бидејќи тоа е практично нешто кое овој народ оваа нација, граѓаните на Република Македонија го заслужија бидејќи навистина направија многу во изминативе 28 години независност за да дојдеме конечно да дојдеме до една таква дата за да можеме да ја гарантираме европската перспектива.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.