Интензивната урбанизација во централното градско подрачје ,греењето и згуснатиот сообраќај се само едни од причините и Охрид да се најде на листата на загадени градови.

Интернет апликациите континуирано во одредени денови покажуваат загадување на воздухот во Македонскиот бисер кој е нарекуван воздушна бања и место каде жителите од другите градови доаѓаа да дишат чист воздух . Синоќа концентрацијата на пием 10 честичките достигна 210 микрограми на метар кубен.

фото: Стојан Стојановски

Граѓаните велат дека особено загадување на воздухот може да се забележи во вечерните и утринските часови.

Добрите познавачи велат дека за среќа езерото доведува до разредување на воздухот инаку загадувањето во главниот туристички центар би било далеку поголемо.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.