Централниот и Извршниот одбор на СДСМ вечерва на одделни седници одлучија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да биде технички премиер во преодната влада од 3 јануари 2020 до формирањето на новата влада по изборите во април.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе биде вицепремиер за економски прашања, на местото на Кочо Анѓушев.
Изборот за технички премиер официјално го соопшти претседателот на СДСМ и премиер во заминување, Зоран Заев по седницата на ЦО, на која и претходеше и седница на Извршниот одбор на партијата.
Избрани се и двајца дополнителни заменици министри во преодната влада – Славјанка Петровска во МВР и Санела Шкријељ – во МТСП.
Заев рече дека одлуките за четирите кадровски решенија биле едногласни на седниците на двата партиски одбора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.