Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски ја поднесе кандидатурата и е официјален кандидат за градоначалник на Куманово на претстојните локални избори кои ќе се одржат наесен.

Поддршката од граѓаните на сите релевантни анкети според кои е еден од трите најдобри градоначалници во државата и градоначалник кој највисоко котира од редовите на СДСМ, како и сите непосредни средби со граѓаните од општина Куманово, се мотив за официјално поднесување на кандидатурата за нов градоначалнички мандат на градоначалникот Димитриевски, велат од општина Куманово.

Како што велат од општината, по долги години Куманово е општина без долгови и финансиски стабилна.

– Веруваме дека ќе продолжиме и во иднина, заедно со граѓаните да имплементираме нови проекти за едно модерно и европско Куманово. Град со висок стандард на урбано живеење и град кој ќе биде пример за цела држава. За Куманово како што го сакаме, стои во соопштението на општина Куманово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.