Иако на денешната лидерска средба се донесе одлука да се одложат изборите првично закажани за 12 април, се чини дека ниту тоа нема да го спаси Зоран Заев и СДСМ од тежок пораз. На тоа укажуваат анкетите објавени изминатите денови, посебна таа на ИПИС кој прогнозира победа на ВМРО-ДПМНЕ со околу 65.000 гласови.

Нема да биде од помош ниту кокетирањето на СДСМ со албанскиот дел од електоратот преку предизборното коалицирање со БЕСА.
Во испитувањето на јавното мнение што за потребите на јавниот сервис МТВ, спроведено од Институтот за политички истражувања ИПИС од кое резултатите ќе бидат објавени во четврток, анкетираните граѓани на прашањето за која партија би гласале дури 24,1 процент одговориле дека тоа би го направиле за ВМРО-ДПМНЕ, додека 21,5 отсто тоа би го сториле за СДСМ.
Оваа разлика е речиси двојно повеќе од разликата со којашто ВМРО-ДПМНЕ победи на предвремените избори во декември 2016-та, а која ѝ ги донесе двата мандата предност кои подоцна беа анулирани во политичките пазарање на Заев, во прв ред околу Тиранската платформа и барањата на албанските партии.

Пад на поддршката на Заев и СДСМ ја имаа кај гласачите покажа и анкетата од изминатиот викенд на ИРИ. Имено обемот граѓани кои го поддржувале СДСМ пред две години сега е намален дури за 20 отсто, и според истражувањето од 21 отсто од гласачите кои би гласале за СДСМ во 2018 година, бројката денес е намалена на 17 отсто, што во апсолутен износ на бројки е пад за 20 проценти, се вели во анкетата.
Од обемната анкета на ИРИ, исто така, воочливо е и дека мнозинство од испитаниците сметаат дека Зоран Заев не заслужува нов мандат. Така се изјасниел дури 54 отто од анкетираните, додека 31 отсто сметаат дека тој добро си ја вршел работата и заслужува уште четири години да ја води владата. Од дополнително истражувањето на ИРИ произлегува и дека сериозно се зголемил процентот на испитаниците кои сметаат дека државата оди во погрешна насока, ако пред две години така мислеле 30 отсто од анкетираните, денес дури 43 отсто сметаат дека тоа е така.

Дека идната влада ќе ја предводат ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски, покажа и анкетата којашто ја пред дваесетина дена ја објави и порталот Рејтинг.мк . Тогаш, на прашањето кој ќе ја предводи идната македонска влада дури 67,05 отсто гласале за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, додека пак претседателот на СДСМ Зоран Заев има само 32,95 проценти или двојно помалку од Мицкоски.
Според презентираното досега во прекинатите поради појавата на коронавирусот предизборни активности, пак, може да се очекува довербата и поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да растат преку мерките коишто ќе бидат дел од предизборната програма на партијата. А, дека Мицкоски стекнува сѐ поголема доверба од граѓаните се потврди и по неодамнешното телевизиско соочување со Заев на Канал 5, каде што по пуштените анкети кој бил подобар во телевизиското соочување, граѓаните дадоа едногласна поддршка за Мицкоски, а дополнително на ова е и потврдата на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук каде што граѓаните коментираа дека тоа бил дуел „меѓу Мицкоски, поборникот за правда и владеење на правото од една страна и Заев како шпекулант со излитени тези од друга страна“.
Според аналитичарите, зголемената доверба од страна на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се должи на јасната стратегија, конкретните мерки и проекти коишто изминатиот период ги презентираше Мицкоски, како и отворениот пристап на Мицкоски со граѓаните. А, како една од причините за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ се наведува и способноста на Мицкоски за соочување со предизвиците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.