И они мене ќе ми зборат за правда… Паѓа Талир 2, паѓа Поштенска банка… СРАМОТА Е, СРАМОТА Е, ЛУЃЕ!
Повеќе од ова не треба да се каже. Срамота е Никола Димитров да зборува за правда денес кога гледаме како власта ѝ работела на правдата зад грб. Кога гледаме дека трас-трас судството на Заев било едиствената правда во Македонија. Селективна и политички мотивирана.
Во аудио и видеобомбите пласирани во јавноста во периодов, претседателот на Советот за реформи во судството Зоран Заев, во тоа време и премиер на Владата на РМ, јасно и гласно кажува како го реформирал судството од Сваровски судство во Луј Витон судство. Судството ставено единствено во служба на дневната политика и политичките пресметки на власта со опозицијата. Судството како единствена алатка за изнуда и уцена.
Доближува гласањето у парламентот, јас и викам, значи тоа го кажувам. Дојде Оливер, Радмила корегираа, другите – абе чоек што праиме, сè знае што се прави позадински. На пример што правам јас, кога правиш за сите правиш, генерално сум поставил сам, сум против притворите сум, јавно кажувам со сè. Викам ОК, треба ли тоа у парламент да биде или не треба, ако сакате да се откажува у парламентот. Викаат не, не, важно у Парламентот, па извинете врзани се пратениците, помагал чоекот, тоа е, сум го кажувал тоа, вели Заев.
Во аудиобомбата објавена денеска, која во меѓувреме е симната од Јутјуб, како што беше симната и бомбата во која Заев зборува за Бранко Црвенковски, како чинители во еден од трите столбови на државноста, судската власт, Заев ги изделува Катица Јанева, која видовме како заврши, Оливер Спасовски, тогашен минисер за внатрепни работи и вицепремиерката Радмила Шекеринска. Ослободена судска власт, нема што!
Комбинациите кои се тогаш правени со Катица, со Оливер, со Радмила, со сите што се чинители тука, знаат дека се обидуваме да дојдеме до бројки. Врзани ми се пратениците, вели Заев за судството под чизмата на извршната власт.
И срамота е денеска Димитров да зборува за правда и реформи во судството кога од нивната правда и реформите бел ден не видовме. И од СДСМ ако е, многу е!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.