Со транспаренти „И ние сме здравство и работиме во ковид болница“ вработените во администрацијата и технички персонал во ГОБ „8 Септември“ излегоа на протест.
Тие бараат да им исплати еднократната помош од 30.000 денари затоа што и тие како и докторите работат со ковид-пациети.
Станува збор за 195 лица. Дел од нив реагираат и дека работат без продолжен договор за работа, а 150 лица се без решение за работа веќе шест години.
Од почетокот на пандемијата ГОБ „8 Септември“ е ковид-центар и таму се испраќаа најтешко болните пациенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.