Народниот правобранител утврдил нехуман третман, тортура, понижувачки услови и загрозување на здравјето при извршениот увид на условите во кој притворениот Јордан Камчев го издржувал притворот, велат извори од одбраната на бизнисменот.
Констатираната состојба била причина тие преку допис денеска за ова да ги известат сите дипломатски претставништва во земјава. Според адвокатскиот тим на Камчев, нивните тврдења дека тој е притворен без никаков доказ, без постоење на белешка и докази од анб, ќе се докажува по институционален пат, со најава дека целосната правда ќе се бара на домашен и меѓународен план и дека веќе се подготвува апликација до Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Извори од комитетот за заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување во Стразбур, на кои им бил презентиран извештајот, според одбраната на Камчев, биле шокирани од содржината на истиот.
Од канцеларијата на народниот правобранител за Канал 5 велат дека констатирале несоодветни услови во притворското сместување на Камчев и дека по нивната реакција, условите биле подобрени, но дека не станувало збор за утврдена тортура.
Директорот на затворот во Шутка, Филип Андов, за Канал 5 вели дека увид бил извршен, но ги негира информациите за нехуман третман врз притвореникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.