Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва во гостување во Телевизија Телма повторно најави ветинг во областа на правосудството.
Тргнувме со прочистувањето на правосудството онака како што укажа Европската комисија тоа да го направиме. Прочистувањето таргетира индивидуална одговорност и преземање на одговорноста наместо колективната со распуштањето на правосудството. Во минатиот период улогата на Владата беше да ги напише законите, со Венецијанска комисија и со Европската комисија тоа го направивме. Во Парламентот задача беше да се изгласаат тие закони и тоа беше направено дури и во областа на двотретинските закони како што е законот за јавното обвинителство. Делот на практичната примена сега доаѓа на повидок. Преку прочистување во правосудството, секој судија што застарувал предмет ќе биде разрешен од експертска домашна и меѓународна мешовита комисија создадена уште во првите 100 дена ќе ги постави темелите на прочистување на правосудството. Антикорупциска комисија преку УЈП и другите институции ќе врши проверка на имот, потекло на пари на судии, обвинители вклучително и на политичари, одговори Заев на прашање кое се однесуваше на планираното прочистување на правосудството.
Заев рече дека е здраво за државата во следните 4 неповторливи години да ги максимзираме капацитети, да ги дигнеме стандардите и да ги европеизираме институциите.
Без правна држава и еднакво владеење на законот и правото нема ни економија, нема ни добро здравство, нема ни добро образование. Овде е темелот за се. Затоа велиме уште во првите сто дена стартуваме со оваа постапка за прочеистување на правосудството, ќе има комплетна ревизија и на предметите. Тоа мора да се направи, рече тој во своето гостување на Телма.
На прашањето зошто досега тоа не се направило, иако истото го ветуваше и на изборите во 2016 година, Заев рече дека се решавале други прашања и дека доколку го владеел цел мандат сигурно ќе имало резултати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.