И благодариме на редакцијата на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ што го потврди тоа што со години тука го збориме, и што повеќе нема кој да ни го потврди дома, затоа што дома владее едно ново едноумие, еднодимензионалност, полтронство и конвертитство кое е на добра цена, а богами и на добар глас, вели активистот Ивор Мицковски за последната анализа на германскиот весник за Македонија и постизборните превирања, наречена „Мултиетнички грабеж“.

Заклучокот е прост и за Германците. Ослободување на институциите немаше и тешко ќе има.
Одговорност за минатите криминалите нема, а за актуелните уште помалку.
Македонија не е парламентарна демократија, туку партиско-етнички октроиран систем каде секоја лигава или насилна креатура ќе биде инсталирана во власта и моќта или толерирана во криминалот.
Впрочем погледнете кој се е дел од пошироката коалиција, да не збориме само за ДУИ.
Власта прави и нешто пострашно од отворениот режим на Груевски. За разлика од гласниот автократизам и конфликт со критиката, она тивко си ја преземе секоја власт и сите општествени чинители, додека не става на кур никој надвор од својот тесен круг.
Со груевизмот постоеше тензија од самиот старт, спротивставување, овде постои само акомодирање и негирање на проблемите.
Тој игнорантски однос се разбира дека ќе заврши трагично, и во нивна замена повторно ќе дојдат некои подиви и подеструктивни, ама и далеку поискрени дечки во своите намери, коментира Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.