Пратеникот Мухамед Зекири веднаш по поразот на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство во клучниот меч против исландската селекција им порача во иднина повеќе да се занимаваат со спорт, а помалку со политика, алудирајќи на одредени играчи.
Потпретседателот на СДСМ оваа порака им ја упати на одредени ракометари од националниот тим по завшруваше на првата фаза од Мундијалот во Германија и Данска. Најдобирте македонски ракометари не се пласираа во вториот круг и сега во Келн ги продолжуваат мечевите за разигрување од 13. до 16. место.
Во иднина повеќе со спорт отколку со политика да се занимаваат спортистите МК”, напиша Зекири на својот профил на Фејсбук.
Претходно слична порака им упати и министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски, но на почетокот од светскиот шампионат.

Ваквото препукување на политичарите со членовите на македонскиот национален тим следи по негативните реакции на некои од нив по изгласаните уставни измени во Собранието минатата недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.