Иако важат за силни поддржувачи за европската перспектива, но преку потезите на Заев и СДСМ, и дописничката на државната новинска агенција МИА Тања Милевска и нејзиниот вујко, новинарот Борјан Јовановски реагираа на денешното интервју на Зоран Заев за БГНЕС.
Ни ги понижи бабите, дедовците, родителите, некои од нив се живи и памтат. А и го гласаа. Каква брука, коментира Милевска на статус кај колешката Билјана Секуловска, која исто така има остри критики кон изјавите на Заев.
Јовановски, пак, само споделува текст од „Википедија“, во кој се опишува како Бугарите ја предводеле офанзивната операција против Третиот рајх за ослободување на Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.