И дали после ова некој може да каже дека не живееме во реално шоу. Како оние најгнасните „Големиот брат“, „Задруга“, „Парови“… што го покажуваат најдолното во човечкиот род. Кој и да е големиот брат, сигурно е дека ужуива во оваа наша општествена блуеница.
По куршумот, директорската позиција на Стојанче е дефинитивно најлошото што му се случило за Македонија. Ете, и ние тоа треба да го трпиме. И да, секако, да веруваме дека системот функционира, а државата е во служба на граѓаните и се е под контрола.
А контролата изгледа вака:
Извидувајќи го теренот над селото Будинарци налетавме на тесно грло од крак на пожарот. Иако непланирано, влеговме во огинот и пред се благодарение на тројца храбри локални жители (Мустачки Слободан, Гоце Мајсторски и Влатко Прмачки) успеавме да го сопреме огнот и да спасиме големо парче шума со бор.
Во гаснењето покрај тројцата мештани учествуваше и мојот храбар соборец од 2001-та Бранко Ѕверот како и мојот возач Дејан Митовски, објави Ангелов на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.